Путин повика на продлабочување на соработката со исламскиот свет пред утрешниот форум во Казан

May 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес упати порака до учесниците на 16. Меѓународен економски форум „Русија – Исламски свет: Казан Форум“, повикувајќи на засилување на соработката во финансискиот сектор, технологијата и регионалната безбедност, јавува Анадолу.

„Срдечно ви посакувам добредојде во гостопримливиот Казан“, изјави Путин до гостите на Меѓународниот економски форум, кој официјално започнува утре во Казан, главниот град на Република Татарстан, а ќе трае до 18 мај.

На форумот ќе присуствуваат делегации од над 100 земји од светот.

И покрај глобалните тензии, Путин ја истакна подготвеноста на Русија да ја проширува соработката со земјите со мнозинско муслиманско население, особено во економскиот, научниот, образовниот и хуманитарниот сектор.

„Заедничката работа за развој на дигитален финансиски систем ќе биде тема на состанокот на Стратегиската визија на Русија и исламскиот свет со учество на претставници на Организацијата за исламска соработка“, додаде тој.

Годинашната програма на форумот опфаќа теми, како трговија, исламски финансии, халал стандарди и модели на финансирање засновани врз учество. На настанот присуствуваат претставници од меѓународни организации, влади, инвестициски групи и јавни институции.

Глобален медиумски партнер на форумот е турската новинска агенција Анадолу.

Путин, исто така, истакна дека ова издание на форумот се совпаѓа со 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Тој го поврза тоа наследство со современите глобални предизвици.

„За нас е важно да го зачуваме сеќавањето на лекциите од историјата. Само заедно може ефикасно да им се спротивставиме на современите безбедносни закани, како што се тероризмот, екстремизмот и ескалацијата на локалните конфликти“, рече тој.

Путин рече дека е уверен оти форумот ќе продолжи да служи како клучна платформа за продуктивен дијалог и посилни партнерства меѓу Русија и исламскиот свет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ЕУ останува наша цел – „Мораме да ја смениме стратегијата за да станеме привлечни за неа“

Следно

Турскиот министер Фидан: Турција ќе ги следи потезите по одлуката на терористичката ПКК за самораспуштање

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop