Путин повика на мерки за интегрирање беспилотни летала во рускиот воздушен простор

June 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес даде неколку инструкции за Владата да преземе мерки за интегрирање беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, јавува Анадолу.

„Со цел да се обезбеди безбедно функционирање на беспилотните воздушни системи, преземете сеопфатни мерки за интегрирање на беспилотни летала во воздушниот простор на Руската Федерација, вклучително и разгледување на прашањето за дигитална трансформација на управувањето со воздушниот сообраќај во однос на системите за услуги на воздушниот сообраќај, навигација, слетување, надзор, комуникации и спротивставување на нелегалната употреба на беспилотни воздушни системи“, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин побара од властите да преземат мерки со цел да се стимулира употребата на домашните дигитални апликации во однос на обуката на персоналот, домашниот дизајн, производството, сертификацијата и работата на беспилотните воздушни системи и контролата врз нивната употреба.

Тој, исто така, повика на мерки за проширување на употребата на дигитални податоци добиени со помош на беспилотни воздушни системи во различни сектори на руската економија.

Путин го назначи премиерот Михаил Мишустин за одговорен за надзор за спроведувањето на мерките.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин признал дека имаат проблеми во Украина

Следно

Тројца вооружени косовски полицајци уапсени на територијата на централна Србија

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop