Путин: Постапките на лидерот на Вагнер се предавство и нож во грб, нашиот одговор ќе биде жесток

June 24, 2023
1 min read

Путин рече дека Русија сега се бори за опстанок и дека оваа борба бара единство каде сите разлики треба да се остават настрана. Затоа дејствијата што го нарушуваат тоа единство, нагласи Путин, во суштина претставуваат предавство и нож во грбот на Русија и рускиот народ

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до јавноста ги нарече постапките на лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, предавство и нож во грб.

„Наидовме на предавство, амбициите доведоа до предавство на татковината“,

рече Путин, пренесуваат руските медиуми.

На руските вооружени сили им е наредено да ги неутрализираат оние кои го организираа вооружениот бунт, рече Путин.

Тој изјави дека оние кои се фрлиле на оружје против своите соборци и кренале бунт, ја предале земјата и ќе бидат казнети.

„Секое внатрешно превирање претставува смртна опасност за нашата државност и нашите активности за заштита од таа опасност ќе бидат жестоки. Сите оние кои го подготвија бунтот ќе бидат строго казнети“,

рече Путин.

Путин рече дека Русија сега се бори за опстанок и дека оваа борба бара единство каде сите разлики треба да се остават настрана. Затоа дејствијата што го нарушуваат тоа единство, нагласи Путин, во суштина претставуваат предавство и нож во грбот на Русија и рускиот народ.

Путин ја спореди акцијата на Пригожин со револуцијата од 1917 година, додека војската на царот се борела во Првата светска војна. Тој додаде дека власта нема да дозволи такво нешто да се повтори и ќе го заштити народот.

Путин ги нарече борците од Вагнер кои се бореа на фронтот херои и рече дека нивниот имиџ и слава биле предадени од оние кои го организирале бунтот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел: Ескалацијата на северот на Косово продолжува и станува опасна

Следно

ЗУБИН МЕХТА И БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop