Путин официјално го започна својот петти претседателски мандат

May 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Руската Влада денес ја објави својата оставка откако претседателот Владимир Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат на церемонијата на инаугурација во главниот град Москва, јавува Анадолу.

Соодветната уредба потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин беше споделена преку Телеграм од Владата, која соопшти дека му ги препуштила своите овластувања на Путин.

„Постапката за формирање нова влада започнува со назначување на претседател на Владата. Указот за ова го потпишува претседателот по одобрување на кандидатурата од Државната дума“, се вели во соопштението.

Се додава дека новиот премиер ќе поднесе предлози до претседателот за структурата на федералните извршни тела најдоцна една недела по неговото или нејзиното назначување.

Путин подоцна потпиша декрет за оставка на Владата, во кој се вели дека ќе продолжи да ги извршува своите должности сѐ додека не се формира нов Кабинет на министри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички

Следно

(ВИДЕО) Огромно торнадо во САД носи сѐ пред себе, широко е километар и пол

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.
Go toTop