Путин: Ние не ја започнавме војната

December 5, 2025
1 min read

Рускиот претсадетел Владимир Путин се наоѓа во дводневна посета во Индија, и даде големо интервју за „Индија Тудеј“.


На почеток порача дека е воодушевен како се среќава со индискиот премиер Нарендра Моди, и кажа дека на програмата се бројни теми за разговори.

Путин го коментираше и американскиот претседател Доналд Трамп.


„Тој има своја пгорама, свои цели. Неговите одлуки околу војната со царините не дојдоа тукутака. Има советници кои веруваат дека спроведувањето на таквите царински политики во целост се корисни за американската економија“, рече Путин.

Зборуваше и за војната во Украина. На прашањето, што за него би преставувало победа на Русија над Украина, тој одговори.


„Не станува збор за победа, како што рековте. Русија е одлучна и сигурно ќе стори се да ги заштити своите интереси, и да ги заштити своите луѓе кои таму живеат. Не сме ние тие кои ја започнаа оваа војна. Западот ја поттикна Украина и ги поддржуваше случувањата, оркестрирајќи државен удар. Тоа беше точка која ги поттикна случувањата на Крим, а потоа и случувањата на југоистокот во Украина, во Донбас. Нашата специјална воена операција не е почеток на војната, туку завршување на војната која Запад ја запали користејќи ги украинските националисти. Тоа се случува сега“, рече Путин.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започнува сезоната на раскинувања: Повеќето врски завршуваат непосредно пред празниците, еве зошто

Следно

Ван Дајк: Салах е разочаран, но јасно му е дека никој нема неограничена доверба

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop