Путин: Нападите врз Иран се „непровоцирана агресија без никакво оправдување“

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес ги опиша нападите врз Иран како „непровоцирана агресија“ без никакво правно или морално оправдување, јавува Анадолу.

„Апсолутно непровоцираната агресија врз Иран нема никаква основа и никакво оправдување,“ изјави Путин за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Москва.

Израел и Иран се вклучени во воздушни судири од 13 јуни, кога Тел Авив изврши ненадејни напади врз неколку цели во Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти. Како одговор на тоа Техеран започна одмазднички напади.

Во недела наутро САД извршија воздушни удари врз три ирански нуклеарни локалитети.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предизвикале „значителна штета и уништување“.

Путин нагласи дека Русија и Иран имаат „долгорочни, добри и доверливи“ односи и дека ставот на Москва околу најновата ескалација е добро познат.

„Од наша страна, вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ,“ рече Путин, додавајќи дека им праќа најдобри желби на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.

„Многу ми е драго што денес сте во Москва. Тоа ни дава можност да ги разгледаме овие чувствителни прашања и заеднички да размислиме како да излеземе од оваа ситуација“, додаде Путин.

Шефот на иранската дипломатија Арагчи, пак, рече дека ескалацијата на Блискиот Исток се влошува секој ден поради одлуките на САД и Израел да ги нападнат иранските нуклеарни постројки.

„Нашите односи се многу блиски и пријателски. Последниве години станавме стратегиски партнери“, рече Арагчи, истакнувајќи дека Москва е на „вистинската страна на историјата и меѓународното право“.

Тој ѝ се заблагодари на Русија за осудата на „агресивните дејства на Израел и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Беџети: Коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии!

Следно

Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop