Путин: „Јасно е дека Западот е разочаран од резултатите од украинскиот контранапад“

July 21, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина загубила десетици илјади војници во контранападите што ги изведува подолго време, јавува Анадолу.

Тој одржа онлајн состанок со рускиот Совет за безбедност за војната во Украина.

Путин наведе дека испораката на оружје за Украина може да продолжи, но тоа само го продолжува конфликтот.

„Залихите на поранешната советска муниција и оружје во некои земји на НАТО во голема мера се исцрпени. Постојните производствени капацитети на Западот, исто така, не се доволни за брзо дополнување на резервите на опрема и муниција“, рече рускиот претседател.

„Јасно е дека западните куратори на режимот во Киев се разочарани од резултатите на таканаречениот контранапад што го најавија украинските власти. Не помагаат ниту огромните ресурси што се влеваат во Киев ниту западното оружје “, рече Путин.

Тој наведе дека Украина претрпела значителни загуби поради „самоубиствените напади“.

„Формациите на украинската армија претрпеа големи загуби како резултат на самоубиствени напади. Овие загуби изнесуваат десетици илјади“, рече Путин.

Осврнувајќи се на извештаите дека Полска планира да прати војници во Украина, Путин рече: „Што се однесува до полските лидери, тие веројатно планираат да формираат коалиција под чадорот на НАТО и потоа да си отсечат големо парче за себе.“

Потенцирајќи дека Белорусија е сојузник на Русија, Путин рече дека „агресијата против Белорусија значи агресија врз Русија“.

„Ќе одговориме со сите средства што ни стојат на располагање. Ќе кажам само едно, ова е многу опасна игра и оние што прават такви планови треба да размислат за последиците“, додаде рускиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЧатГПТ почна да оглупува

Следно

СЗО: „Половина од светската популација е изложена на ризик од треската денга“

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop