Путин изјави дека е загрижен поради зголемениот ризик од Трета светска војна

June 20, 2025
2 mins read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази загриженост за растечката закана од Трета светска војна, посочувајќи ги ескалирачките конфликти во Украина и Блискиот Исток како опасни жаришта, јавува Анадолу

„Сега постои голем потенцијал за конфликт“, рече Путин во говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. „Загрижени сме за можноста од светска војна. Сите конфликти мора да се решат на мирен начин.“

Тој го критикуваше НАТО за проширување кон исток, велејќи дека Алијансата продолжува да ги занемарува безбедносните интереси на Русија. „Ова е уште еден остаток од неоколонијалната политика на Западот“, изјави тој.

Путин рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ветил дека ќе го поддржи барањето на Русија за гарантирање на безбедноста на нејзиниот персонал во иранската нуклеарна постројка Бушер.

Во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, Путин ја коментираше заканата на Израел за атентат на ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран: „Се надевам дека ова ќе остане само реторика.“

– Путин: Употребата на нуклеарно оружје против Русија би била „последната грешка“ на Киев –

Рускиот претседател ја предупреди Украина дека секоја употреба на нуклеарно оружје против Русија ќе биде нејзина последна грешка.

Путин предупреди дека ако Украина се обиде да фрли таканаречена „валкана бомба“ на руска територија, тоа ќе предизвика реципрочен одговор од Москва.

„Ова би била колосална грешка од страна на оние кои ги нарекуваме неонацисти што оперираат во денешна Украина, можеби нивна последна“, рече тој.

Путин истакна дека нуклеарната доктрина на Русија предвидува строг одговор на егзистенцијалните закани, додавајќи дека последиците за Киев би биле катастрофални.

„Нашиот одговор би бил исклучително суров, катастрофален, и за неонацистичкиот режим и за самата Украина“, рече тој.

Во истовреме, Путин призна дека Русија во моментов нема потврдени докази што укажуваат дека Украина планира да употреби валкана бомба.

„Фала му на Бога, немаме докази за такви намери. Но, работиме под претпоставка дека таква идеја може да се појави во нечиј болен ум“, рече тој.

На прашањето колку далеку Русија има намера да напредува во Украина, Путин рече дека верува оти рускиот и украинскиот народ се еден народ и во оваа смисла, „цела Украина е наша“.

„Каде што стапнува ногата на руски војник – тоа е наше“, рече Путин.

– Путин рече дека Русија можеби нема цел да го освои градот Суми, но не ја исклучи можноста –

Рускиот претседател рече дека руските сили воспоставиле безбедносна зона длабока до 12 километри по должината на украинската граница, наведувајќи ги како оправдување повторените напади од североисточниот украински пограничен регион Суми.

Путин рече дека украинските сили „упаднале во“ рускиот регион Курск и извршиле „злосторства против цивилното население“.

Тој истакна дека како одговор, руските трупи им нанеле „огромни загуби“ и ги протерале напаѓачите, што ја натерало Москва да ја обезбеди пограничната област.

„Сега мора да создадеме безбедносна зона по должината на државната граница, бидејќи тие постојано напаѓаат оттаму со артилерија и беспилотни летала“, рече тој. „Длабочината е од 12 километри, некаде 8, 10, 12 километри. Следен е градот Суми.“

Путин додаде дека иако Русија во моментов нема за цел да го заземе Суми, тој не би го исклучил тоа, и ја обвини Украина дека ја провоцира ситуацијата преку „целосно неписмени, неоправдани дејствија“.

Украинската влада нема одговорено досега на изјавите на Путин.

Во четвртата година од војната, копнените операции на Русија неодамна се интензивираа во североисточна Украина, особено во близина на Харков, додека претставниците на Кремљ продолжуваат да ги толкуваат таквите потези како одбранбен одговор поради украинските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, за Град Скопје нема

Следно

Турскиот претседател во Истанбул го прими ерменскиот премиер Пашинјан

Latest from Blog

На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година

Се очекува самитот на НАТО, следната недела во Хаг да ја потврди Албанија како домаќин на самитот на Северноатлантската алијанса во 2027 година. Според албанските медиуми, кои се повикуваат на Радио Слободна

ОЈО Охрид отвори истрага за тешка сообраќајка – двајца осомничени за загрозување на безбедноста

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во

Филипче: СДСМ ги претстави првите 19 кандидати за градоначалници – проверени и угледни личности

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата за давање согласност за кандидатури за градоначалници на претстојните локални избори. Одлуката

СДСМ нема да има кандидати во Чаир, Тетово, Гостивар, Сарај, Дебар…

Филипче во неколку доминатно албански општини нема да има предлози за градоначалници. Од СДСМ брифираат дека со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово,

Турскиот претседател во Истанбул го прими ерменскиот премиер Пашинјан

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул го прими ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој допатува во работна посета на Турција, јавува Анадолу. Ердоган го пречека Пашинјан со официјална
Go toTop