Путин го обвини Западот за вовлекување на Русија во трка за вооружување

February 29, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање пред нацијата денес го обвини Западот дека ја вовлекува Русија во трка за вооружување, јавува Анадолу.

„Гледаме дека Западот се обидува да нѐ вовлече во трка за вооружување. На тој начин сака да нѐ истроши, да го повтори трикот што му успеа во 1980-тите години со Советскиот Сојуз“, изјави Путин пред пратениците, официјалните претставници и новинарите во Федералното собрание.

Како што рече, стратегиските нуклеарни сили на земјата се во „состојба на целосна готовност“.

Тој, исто така, ги објави плановите за зајакнување на вооружените сили во западниот дел на земјата по пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО.

Путин порача дека Русија е подготвена за дијалог со Соединетите Американски Држави за прашањата за стратегиската стабилност, но нагласи дека обидите на Вашингтон да ја порази Москва додека нуди дијалог се „лицемерни“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инспекторите ќе ја следат состојбата со цените на терен

Следно

Сѐ е подготвено за третиот Дипломатски форум Анталија – Пристигнуваат учесници од 147 земји

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop