Пуштен на домашно лекување доктор Шаини, кој беше ранет во Куманово

October 8, 2025
1 min read

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро.

– Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување, изјави Ѓоргиевска Павловска.

Министерството за здравство вчера попладне преку соопштение реагираше дека со вознемиреност ја примиле веста за оружениот напад во Куманово при што повреден бил нивен колега, доктор Шаини.

– Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството, преку соработка со здравствените установи и локалните власти, потенцираа вчера од Министерството за здравство.

Воедно беше посочено дека активно ќе се соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово, со цел целосно расчистување на случајот.

Доктор Шаини, според соопштението од МВР, вчера беше повреден во оружен инцидент што се случи во 13:54 часот на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управува. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префлен на скопските клиники

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Коњановски со Здружението на пензионери: Заедно до подобар квалитет на живот

Следно

Омерагиќ до Барди: „Среќата што ја носи детето е најголемиот трофеј“

Latest from Blog

Сосиедад ја „шокираше“ Барселона

Тимот на Реал Сосиедад направи огромен подвиг вечерва откако на свој терен во последниот дуел од Пример програмата денеска ја совлада Барселона со конечни 2:1. Поприлично интензивниот дуел стартуваше со два поништени

Голема железничка несреќа во Шпанија, најмалку седум загинати (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, а неколку други беа повредени во недела попладне откако два брзи возови излетаа од шините во близина на Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Според извори од Цивилната гарда,

Рома со гостински триумф кај Торино (ВИДЕО)

Тимот на Рома стигна до нови три бода во годинешниот Серија А шампионат, откако обезбеди триумф од 0:2, против тимот на Торино на гостински терен. Стрелци на головите за „Волчицата“ беа Мален

(ВИДЕО) Николоски: Ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака: „Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици погледнете го
Go toTop