Пукање во кафуле на плоштадот во Штип – Едно лице тешко рането

May 8, 2025
1 min read

Тешко рането лице е пренесено во Брзата помош по пукање што се случило вечерва во кафуле на Градскиот плоштад во Штип. Според првичните информации, инцидентот настанал по расправија меѓу повеќе лица.

Според првичните информации, по вербална и физичка расправија помеѓу неколку лица, едно лице – турски државјанин било застрелано. Неофицијално, повредениот носел нож, по што другото лице употребило огнено оружје.

Мотивите за конфликтот сè уште не се познати, а полицијата работи на расчистување на случајот.

„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Следно

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Latest from Blog

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022
Go toTop