ПСЖ ја победи Барселона пред три дена, а сега сака да и земе играч бесплатно

October 4, 2025
1 min read

Барселона го пречека ПСЖ во среда во второто коло од лигашката фаза на најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите. Каталонците поведоа на почетокот, но ПСЖ направи вистинско чудо на Монжуик и дојде до победа.

Луис Енрике славеше против својот поранешен клуб на овој начин, а сега три дена по овој голем натпревар, шпанскиот „СПОРТ“ носи вистинска ексклузива: ПСЖ е заинтересиран за услугите на дефанзивецот на Барселона – Ерик Гарсија.

Шпанецот има важечки договор со каталонскиот клуб до 30 јуни следната година, а доколку не потпише нов во следните два месеци – ПСЖ ќе се обиде да го купи.

Гарсија и Барселона немаа никакви конкретни состаноци за потпишување на нов договор, а парижаните внимателно ја следат целата оваа ситуација.
Гарсија претходно беше на прагот да се приклучи на Барселона, но Ханси Флик лично го запре неговиот трансфер во последен момент.

Според истиот извор, 24-годишникот би бил заинтересиран да остане кај актуелниот шпански шампион, но доколку тоа не е можно – ПСЖ би бил примамлива опција.

Гарсија би пристигнал на „Паркот на принцовите“ сосема бесплатно, односно како слободен агент по истекот на неговиот договор.

Покрај Барселона, дефанзивецот играше за Манчестер Сити, а една сезона помина како позајмен играч во Џирона. Има 19 настапи за шпанската репрезентација.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од ултразвук без опис и ги збуни своите фанови

Следно

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: СДС преку здруженија си ги полни џебовите со јавни пари

Latest from Blog

Видео: Викторија бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

Познатата креаторка на Инстаграм објави фотки од раскошно украсена елка која комбинира бронзени, розово-златни и жолти детали, со бели светла и црвени топки. Наместо студениот сјај на традиционалните декорации, Викторија  годинава се

Европол заплени осум милиони штетни играчки

Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“. Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што

Динамо Киев му врачи отказ на Шовковски

фото: fcdynamo.com Украински Динамо Киев го разреши Олександр Шовковски од позицијата главен тренер на тимот. Заедно со Шовковски заминува и целиот тренерски персонал. Игор Костјук, кој моментално го води младиот тим на
Go toTop