ПССЕ испраќа 14 набљудувачи на претседателските избори во земјава

April 18, 2024
1 min read

Делегација од 14 набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Алфред Хер (Швајцарија, АЛДЕ), ќе ги следи претседателските избори во Северна Македонија на 24 мај.

Делегацијата ќе ги следи изборите заедно со набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), соопшти ПССЕ.

Набљудувачите на ПССЕ ќе се сретнат со кандидатите кои се натпреваруваат на изборите, со претседателот и членовите на Државната изборна комисија, како и со претставници на граѓанското општество и медиумите.

Заедно со делегацијата, во Скопје доаѓа и експерт на Венецијанската комисија, кој ќе дава правна поддршка за време на посетата.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

Следно

Големите партии во пол-позиција за стартот на изборната трка

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop