Првпат од почетокот на војната беше отворен граничниот премин помеѓу Газа и Израел

December 17, 2023
1 min read

Граничниот премин Керем Шалом беше затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа е отворен од денеска, првпат од почетокот на војната, со што е овозможено минување камиони со хуманитарна помош.

До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН и други за отворање на преминот, но согласност даде минатата недела.

„Од денеска камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносна проверка и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом“,

изјавија од израелската управа КОГАТ.

Објавени се и фотографии од камионите, јави ДПА повикувајќи се на соопштението на КОГАТ, во кое се додава дека со тоа ќе се зголеми дневната помош за Газа. Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафа, што не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

Инаку, претходно денеска, Обединетото Кралство и Германија повикаа на одржлив прекин на огнот во Појасот Газа. Во заеднички текст, министрите за надворешни работи на двете земји напишаа дека е потребно да се направи сè што е возможно за да се отвори патот кон одржлив прекин на огнот, со што би дошло и до траен мир во регионот, а најдобро би било тоа да се случи итно и што е можно поскоро. Во текстот се нагласува дека се убиени премногу голем број цивили, а британската влада преку вицепремиерот Оливер Дауден го повика Израел на воздржаност.

„Израел се соочува со многу тешка ситуација… Ако го нападнете непријателот, кој буквално се крие под болниците, среде цивилното население, тоа ќе предизвика голем број цивилни жртви. Ние велиме, во својство на британската влада, дека Израел мора да покаже воздржаност“,

рече Дауден.

Во текстот се нотира дека Израел имал право да се брани по терористичкиот напад на Хамас и дека припадниците на групата секојдневно продолжува да истрелува ракети за да убива израелски цивили и дека Хамас итно мора да го остави оружјето.

Инаку, според информациите, денеска пет Палестинци го загубиле животот во окупираниот Западен Брег откако израелската армија во рација на бегалски камп отворила оган. Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади против повеќе вооружени терористички групи кои пукале, фрлале експлозиви и војниците ги ставиле во опасност.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши гласањето во Србија, излезноста поголема од претходните избори

Следно

Зошто Македонија не е Естонија? Одговара Сашо Ордановски

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop