Првото бебе од Крива Паланка е машко, се роди вчера на Гинекологијата во Чаир

January 2, 2025
1 min read

Првото бебе родено во новата година, жител на Крива Паланка, се роди вчера попладне, на гинеколошко – акушерската болница во Чаир, Скопје. Момчето го донесе на свет по природен пат, 25-годишната мајка Марија.

Бебето е родено со родилна тежина од 3.650 грама, долго е 52 центиметри и е прва рожба во семејството Стојановски, радост во новата година за младите родители Младен и Марија.

Од семејството се заблагодарија до целиот медицински тим од Гинекологија,Чаир за професионалноста и посветеноста на пациентите, со акцент дека дел од стручниот тим гинеколози што го изврши породувањето беше и младата доктор Ангела Младеновска од Крива Паланка, специјализант по гинекологија и акушерство.

Во Здравствениот дом Крива Паланка веќе подолг временски период, речиси повеќе од една деценија, не функционира породилиштето, а родилките од општината и соседната општина Ранковце се пораѓаат во Куманово или Скопје, на државните или приватни клиники.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жените не бараат пенис, туку место на масата за одлучување

Следно

Мицкоски: Наместо ние да се европеизираме, процесот на пристапување во ЕУ се балканизираше

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека
Go toTop