Општина Аеродром информира дека е издадено првото одобрение за градба со нула денари комуналии, како дел од мерката за поддршка на граѓаните.
Станува збор за ослободување од надоместокот за уредување на градежно земјиште, што претставува значително олеснување за оние што градат или доградуваат сопствен дом, особено за младите.
Од Општината посочуваат дека мерката има за цел да го поттикне домувањето и да ги намали трошоците за граѓаните при изградба на нивниот прв дом.
Извор: zurnal.mk


