Првиот список на Анчелоти на чело на Бразил

May 26, 2025
1 min read

Карло Анчелоти пристигна во Бразил. Тој беше брзо претставен истиот ден како нов селектор на петкратниот светски шампион и го објави својот прв список на првата прес-конференција.

Првиот список на Анчелоти вклучува 23 имиња за претстојните два квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година. Бразил ќе игра против Парагвај и Еквадор.

Анчелоти веднаш објасни зошто Нејмар отсуствува, како и Родриго, Жоелинтон, Габриел Магаљаес, Едер Милитао и Едерсон.

-Се обидов да одберам играчи кои се во добра форма. Нејмар неодамна се повреди, тој штотуку почна да игра. Тој ќе биде многу важен член на овој тим, сметам на него. Целта на сите е тој да биде подготвен за Светското првенство. Разговарав со него утрово, му објаснив и се согласивме за сè. Тој се согласува дека е подобро за него да се одмори и да се подготви што е можно подобро. Меѓу повредените се Родриго, Жоелинтон, Габриел Магалхаес, Едер Милитао, Едерсон, изјави Анчелоти.

Легендарниот тренер ги врати Касемиро и Антонио во репрезентацијата, а ќе смета и на Алекс Сандро, Данило…

Во споредба со претходниот ростер на Бразил, сега ги нема Ендрик, Савињо, Жоао Педро, Жоао Гомеш, Андре, Арана, Мурило, Вевертон…

Анчелоти изјави дека ќе работи на „семејна атмосфера“ во националниот тим, нагласувајќи дека тоа е многу важно.

-Ни треба меѓусебно почитување, само тогаш ќе можеме да го извлечеме максимумот од себе. Тоа е огромен предизвик. Бидејќи семејниот аспект е многу важен, дури и поважен од организацијата и системот на играта. Целата земја мора да биде на иста страна. Само тогаш можеме да се соочиме со предизвикот што нè чека – а тоа е освојувањето на Светското првенство. Верувам дека Бразил може повторно да биде шампион, ги охрабри Карло навивачите.

Еве гои првиот список на Италијанецот на чело на „селесао“:

Голмани: Алисон, Бенто, Уго Соуза

Одбрана: Алекс Сандро, Алесандро Рибеиро, Бералдо, Карлос Аугусто, Данило, Лео Ортиз, Маркињос, Вандерсон, Весли

Среден ред: Андреас Переира, Андреј Сантос, Бруно Гимараеш, Касемиро, Едерсон, Жерсон

Напад: Антони, Естевао, Габриел Мартинели, Матеус Куња, Рафиња, Ричарлисон, Винисиус Жуниор. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вреди им посака добредојде на поранешните соработници на Таравари: Достоинствено застанаа со граѓаните

Следно

Филипче: Благодарение на политиките на СДСМ, Македонците во Грција слободно го користат македонскиот јазик

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop