Првиот конвој терористи на ЈПГ/ПКК се повлекоа од Алепо, Сирија

April 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Првиот конвој терористички сили предводени од ЈПГ/ПКК, под името Сириски демократски сили (СДФ), денес го напуштија Алепо под надзор на сириското Министерство за одбрана, објави државната новинска агенција САНА.

Во веста се наведува дека конвојот почнал да се повлекува од северниот град Алепо кон источниот регион Еуфрат, додека сириската Армија обезбедила премин низ населбите Шеик Максуд и Ашрафије.

Во четвртокот во Алепо се изврши размена на затвореници меѓу внатрешните безбедносни сили и СДФ, со што започна процесот на „чистење на затворите“, во текот на кој се ослободени околу 250 затвореници.

На 10 март, сириското Претседателство го објави потпишувањето на договорот за интеграција на СДФ во државните институции, со кој се потврди територијалниот интегритет на земјата и се отфрлија сите обиди за поделба.

Соборениот претседател Башар ал Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија на 8 декември минатата година, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Ахмед ал Шара, кој ги предводеше антирежимските сили во соборувањето на Асад, беше прогласен за претседател на 29 јануари и ќе ја води земјата до изборите.

Во речиси 40 години терористичка кампања против Туркије, ПКК, која Туркије, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ/ПЈД, која се нарекува и СДФ, е сириски огранок на ПКК.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Турција, додека ЈПГ/ПЈД се обидува да воспостави терористички коридор во северна Сирија покрај турската граница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соравиа Инвест: Најавената аукција на Соравија бизнис центарот е незаконска, поднесена е тужба до ОЈО ГОКК

Следно

Започна продажбата на билетите за дуелот Вардар-Црвена ѕвезда

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop