Првиот човек на НБА лигата: Се уште не сме подготвени за Европа

September 11, 2024
1 min read

Адам Силвер, првиот човек на НБА потврди за доаѓањето на најсилното натпреварување во европската кошарка, но не во блиска иднина. Во Америка се „отворени“ за проширување, челниците на НБА лигата планираат влез во европската кошарка, но како тоа треба да го направат се уште не се знае, бидејќи нема конкретен план.

Челниците на ФИБА и НБА неодамна одржаа состанок во врска со развојот на кошарката на глобално ниво и Адам Силвер тврди дека оваа тема не била главна тема на тој разговор и дека малку се зборувало за тоа. Тој истакна дека лигата планира повторно да го разгледа ова прашање во текот на сезоната, иако не се очекува итна акција.

-Во моментов нема конкретен план за Европа, освен што се договоривме детално да ја разгледаме можноста. Она што го гледаме кога станува збор за нивото на интерес за кошарка е непропорционално со комерцијалната активност, рече Силвер.

Фокусот на НБА сè уште е на испитување на различни начини за промовирање на кошарката низ светот, но моментално проширувањето на нови пазари не е на агендата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот швајцарски амбасадор во Туркије има за цел зајакнување на билатералните врски

Следно

Претседателот Ердоган: „Трајна е нашата поддршка за територијалниот интегритет на Украина“

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop