Првиот американски јуриш на Русија

January 10, 2023
3 mins read

„Ова се случува во време кога Русите наивно зборуваат за ’заеднички европски дом’ и заедничка европска безбедносна структура која ќе ја опфати и Русија,“ пишува Волш.

За обемот на оваа економска катастрофа јасно пишува токму Пол Кругман во еден негов неодамнешен есеј во Њујорк тајмс кој прашува дали Американците се свесни каква катастрофа беше тоа за Русија.

„Кругман е прилично прецизен во нејзиното опишување, ама не и во идентификување на причината,“ смета Волш.

Тој користи графикон од Светската банка кој го покажува крахот на руската економија во периодот од 1991 до 1997, кој е последица на „економските политики што беа воведени по насоки на американски советници, меѓу кои најистакнат беше економистот Џефри Сакс.“

„Овие политики нагло ја пренасочија Русија од централно планирана економија со контрола на цените, во економија во која цените ги одредува пазарот. Процесот често пати се нарекува ’шок терапија’.

Кривата покажува дека по воведувањето на ’шок терапијата’ во 1991, економијата на Русија крахирала на 57% од нејзиното ниво во 1989, пад од 43%. За споредба, американската економија во Големата депресија паѓа на 70% од нивото пред Депресијата, што е пад за 30%,“ пишува Волш.

Во исто време животниот век во Русија паѓа за четири години а сиромаштијата станува нова нормала.

За споредба Волш ја користи економијата во Полска, каде две години пред Русија, во 1989, исто така е изведена „шок терапија“. За разлика од Русија, Полска по падот на комунизмот има константен напредок и зголемување на БДП. И во двете држави еден од главните странски советници е Џефри Сакс, кој лично го опишува дијаметрално спротивниот исход на двете држави:

„Имав контролиран експеримент затоа што бев економски советник и на Полска и на СССР во последната година од мандатот на Горбачов и во првите две години од мандатот на Јелцин во 1992 и 1993. Мојата работа беше околу финансии, и да и помогнам на Русија да најде начин да се справи со масовната економска криза.

Мојата основна препорака во Полска, а потоа и во СССР и во Русија, беше: за да се избегне општествена криза и геополитичка криза, западниот свет треба да помогне да се намали оваа извонредна финансиска криза која се случуваше по распадот на поранешниот СССР.

Па, интересно, во случајот со Полска јас дадов серија на многу конкретни препораки, и сите тие беа прифатени од американската влада – создавање на фонд за стабилизација, бришење на долговите на Полска, дозволување на голем број финансиски маневри за да се извади Полска од проблемите. И, јас се гордеев со овој успех.

Една од препораките, за фонд за стабилизација од една милијарда долари беше прифатена од Белата куќа во рок од 8 часа. Па, си помислив ’ова е одлично’. Потоа следуваа идентични молби, прво во име на Горбачов, а потоа и во име на претседателот Јелцин. Сè што препорачав, што беше на истата основа на економска динамика, сè беше директно одбиено од Белата куќа.

Ви кажувам тогаш тоа не ми беше јасно. Им објаснував ’ова функционираше во Полска’, а тие бледо ме гледаа. Всушност државниот секретар во 1992, ми рече ’професоре Сакс, не е ни важно дали се согласуваме со тебе или не. Тоа нема да се случи.

И ми требаше прилично долго време за да ја разберам геополитиката зад таа одлука. Тоа беа токму деновите на Чејни, Волфовиц и Рамсфелд и Проектот за нов американски век, односно продолжување на американската хегемонија.

Во тоа време не го разбирав тоа, бидејќи размислував како економист, како да помогнам да се надмине финансиска криза. Меѓутоа тогаш се оформуваше униполарната политика, и таа беше девастирачка. Секако, тоа ја остави Русија во масовна финансиска криза која доведе до голема нестабилност која имаше свои последици во следните години.

Дополнително, тоа што овие луѓе од почеток го планираа, без разлика на експлицитните ветувања кон Горбачов и Јелцин беше проширување на НАТО. А Клинтон го започна проширувањето на НАТО со три држави од Централна Европа – Полска, Унгарија и Чешка – а потоа Буш помладиот додаде уште седум држави – Бугарија, Романија, Словачка, Словенија, и три балтички држави – веднаш до Русија.“

Пол Волфовиц, кој Сакс го споменува во своето објаснување, по распаѓањето на СССР во својата доктрина порачува:

„Нашата прва цел е да спречиме повторно појавување на нов ривал, без разлика дали на територијата на поранешниот СССР или на друго место, кој претставува закана врз основа на поредокот кој претходно го создаде СССР.

Ова е доминантно размислување кое треба да ја опфати новата одбранбена стратегија и бара наши напори за да спречиме каква било непријателска сила да доминира во регион чии ресурси, под консолидирана контрола, би биле доволни за создавање на глобална сила.

… Ние мора да одржиме механизам кој ќе ги спречи потенцијалните конкуренти дури и да имаат аспирации за поголема регионална или глобална улога.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Македоника литера“ ги објави „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома

Следно

Жан Митрев доби обвинение за измама, му се заканува затворска казна од 1 до 10 години

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop