Први интервенции со најсовремен хистероскопски апарат на Одделението за гинекологија во охридската болница

January 5, 2026
1 min read

На Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Охрид воведени се хистероскопски интервенции со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Станува збор за процедура што за прв пат се изведува во Охрид и во регионот.

Директорот на „Општа болница“ – Охрид, спец. гинеколог и акушер д-р Горан Маркоски соопшти дека методата претставува исчекор во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во градот и регионот.

„Со оваа современа и софистицирана метода овозможуваме минимално инвазивна дијагностика и третман, побрзо и побезболно закрепнување, прецизност во откривање и отстранување на туморски формации и септуми во матката и услуги кои досега не биле достапни во Охрид“, вели Маркоски.

Истовремено изразува задоволство што тимот од одделението во кое и самиот работи воведува нови методи што за прв пат се спроведуваат во центарот.

„На пациентките им се овозможува поквалитетна и побрза здравствена услуга – дома во својата општина, без потреба од упатување во други здравствени центри. Исто сакам да го истакнам и економскиот аспект и оптоварување од кое ќе бидат ослободени нашите пациентки, кои што за ваков тип на интервенции одвојуваа големи средства по приватните болници или пак беа дел од долги листи на чекање во терциерните здраствени установи, а сега истите ќе им бидат достапни само по основ на платена партиципација“, вели д-р Маркоски.

Додава дека продолжуваат со вложување во модернизација на здравството и здравствените услуги и подобра грижа за пациентите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јунајтед на Аморим беше најлошиот Јунајтед во поновата историја!

Следно

Еве кое е значењето на бадниково гранче

Latest from Blog

„Стентон градба“ ги реновираше хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – новите капацитети веќе работат

Компанијата „Стентон градба“ од Битола успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во ЈЗУ УКЦ „Мајка Тереза“ – Скопје, реализиран по принципот „клуч на рака“.
Go toTop