Прва скопска ТВ: Дали граѓаните би излегле ако трчаше Цеца или Дино на Скопскиот маратон?

October 6, 2025
1 min read

Вчера денот беше убав и погоден за маратонците во Скопје. Зошто не беше погоден и за скопјани кои во мал број излегоа да го следат најголемиот спортски настан годинава во кој имаше дури 14.000 учесници, меѓу кои врвни атлетичари од Кенија, како и нашиот супер маратонец Дарио Ивановски и други негови македонски колеги?

Маратоните во светските градови се настан, атракција, не само спортска, туку комплетна општествена и социјална манифестација. Фестивал на енергијата на секој град домаќин. Бостон живее за маратонскиот викенд, Париз и Лондон со посебни програми привлекуваат, не само натпреварувачи, туку и туристи од цел свет, а улиците се преполни со поддржувачи и навивачи, кои на маратонот му даваат посебен шмек.

И во Скопје минатите години беше слично. Но оваа година, иако организација беше на уште повисоко ниво, иако имаше рекорден број на натпреварувачи, скопјани направија неславен рекорд: најмала посетеност. Тук-таму по некој гледач, ретко кој со поддршка на маратонците, ретко кој ги изнесе децата барем да гледаат спортски примери. Единствено позитивно се издвоија волонтерите, како и одредени љубители на трчањето со по некој реквизит или музички инструмент, па дури и тие што тераа шега со скопски шмек.

 

Дали на скопјани им е поинтересно да гледаат на телевизија маратони во други градови отколку во живо или пак требаше годинава да трчаат Цеца и Дино Мерлин за да излезат на улица да го гледаат маратонот?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гласнер ќе потпише нов договор со Палас, но само ако има клаузула „Баерн“

Следно

Судија е застрелан среде судско рочиште во Тирана

Latest from Blog

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop