Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

July 13, 2025
1 min read

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Ерменија. Во натпреварот од третото коло Македонија ја совлада Грузија со 92:84 (31:22; 25:13; 15:26; 21:23).

Избраниците на селекторот Горан Самарџиев одиграа одлично прво полувреме пред се во нападот кога постигнаа 56 поени што всушност беше најава на победата. Во последната четвртина противникот намали на десет поени негатива, но македонските кошаркари (играчи до 20 години) успешно и умешно го одбија притисокот на противникот и на на крајот ја прославија првата победа.

Пет играчи во македонскиот тим имаа двоцифрен број поени: Коста Кириловски 18, Марко Лукановски 17, Павел Иванов 14, Стефан Стојковиќ 13 и Ангел Стојанов 13.

Утре на првенството е слободен ден, а во вторник Македонија ќе игра против Швајцарија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ситуацијата во Газа е ужасна и неприфатлива“, изјави американската пејачка Оливија Родриго

Следно

Со ископувањата во древниот град Троја во Турција се истражуваат артефактите поврзани со легендарната Тројанска војна

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop