Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

July 11, 2025
1 min read

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска во натпреварот за пласман од 17. до 21. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“ ја совлада Австрија со 78-70 и со тоа дојде до првиот триумф на турнирот во Литванија.

Во израмнет натпревар, избраничките на селекторот Виктор Петровски до победата дојдоа со одлично одиграна последна четвртина во која направија разлика од десет поени (21-11) што беше доволно за прва радост.

Своите одлични настапи на ЕП ги продолжи Ања Начевска, која финишираше со нов двоен ефект, изразен со реализација на 23. поени и 17. скокови, но за разлика од претходните натпревари, во македонскиот состав денеска имаше уште три кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на реализации.Трајковска реализираше 15. поени, а Колева и Пислевска уфрлија по 14 кошеви.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија планира да купи дополнителни 15 борбени авиони Ф-35

Следно

Грчкиот Парламент го изгласа амандманот со построги мерки за мигрантите

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop