Пругата Скопје – Солун два месеца во аут, превозот на стоки со камиони

February 15, 2025
1 min read

Прекин на железничкиот товарен транспорт, зголемени трошоци поради пренасочувањето на превозот со камиони кон Бугарија и нови чекања на патните граници е најкусиот рапорт за проблемите што ќе се јават поради двомесечното затворање на железничката пруга Скопје – Солун.

Пред три дена, товарен воз излета од шините кај Поликастро, Северна Грција. Инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од четири километри, но нема повредени.

Се стравува дека станицата Идомени исто така може привремено да биде затворена поради поправки. За да се ублажи прекинот, меѓународниот товарен сообраќај ќе се пренасочува низ Бугарија додека траат поправките, објави Хеленик треин.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, само 59 илјади патници се возеле со возови, а во железничкиот превоз е забележано намалување на превезениот товар за 9,3 отсто.

Според структурата, македонската метална индустрија ќе има најголеми штети, бидејќи најмногу ја користи железницата, па речиси 50 отсто од целиот железнички транспорт, се состои од метали или метални производи со исклучок на машини.

Со железницата се превезуваат и опрема и материјали што се користат во транспорт на стока, како и коксот и производи добиени од рафинирање на нафтата. Со возови се транспортираат и хемикалии, хемиски производи, вештачки и синтетички влакна, производи од гума и пластични маси. Извештајот за работењето на МЖ Транспорт за 2022 година покажува дека тие имале околу дваесетина коминтенти за кои превезувале стока.

Стоката, која сега нема да може да превезува со воз, ќе се транспортира со камиони, а тоа ќе ја зголеми работата на македонските транспортери, вели за „Слободен печат“ Билјана Муратовска, генерална секретарка на Асоцијацијата „Макам транс“. Според неа и досега соодносот на превезената стока со железницата виза ви камионскиот превоз, беше 80:20.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Следно

Пожар во семејна куќа во Куманово – причинета голема материјална штета

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop