ПРОТИВ НИВ НЕМАТЕ ШАНСА: Тие се светата тројка на Хороскопoт во манипулации и ментални борби

October 3, 2025
4 mins read

Некои луѓе ја имаат и користат својата моќа за “читање“ на другите луѓе и ситуациите подбро од останатите и ја котристат таа своја дарба за да ги постигнат своите цели, развиваат способност да читаат емоции, да анализираат брзо и детално, и да пронајдат слаби точки кај соговорникот.

Според ѕвездите, постојат хороскопски знаци кои имаат изразен дар за убедување и контрола на ситуациите, понекогаш на суптилни начини што другите едвај ги забележуваат. Нивната комбинација од интуиција, интелигенција, аналитика и досетливост ги прави особено вешти во справувањето со луѓето. Во менталните борби за доминација и спроведување на своте планови се непобедливи.

Во контекст на психологијата, менталната доминација е форма на надворешна контрола и психолошко влијание со разни мотиви: од помош и градење пријателски релации, потткнување на соработка, помош на лице кое е во состојба на дезориентација или емотиввно растојство но, и до злоупотреба. Доминантната личност ја контролира другата со влијание врз нејзината автономија и самодоверба. Колку добри, или лоши, се резултатаите зависи од мотивот и капацитетот на двете страни во таа “ментална“ игра.

Шкорпија

Пабло Пикасо
Пабло Пикасо

Шкорпиите се познати по нивната длабока емоционална интелигенција и способност да ги препознаваат скриените мотиви на другите. Тоа е просто дарба, и не се учи. Тие лесно наоѓаат слабости и ги користат за да ја свртат ситуацијата во своја корист. Нивната страсна природа често им дава дополнителна моќ над луѓето околу нив.

Другите луѓе не се како Шкорпиите, имаат поинакви стандарди за толерантност, важност на страста и енергијата во одлуките но, Шкорпиите умеат да ги наметнат своите стандарди врз околината и да создадат правила во кумникацијата кои одат во нивна полза, и наметнување на своето мислење и интереси.

Ако по долго испитување склучат пријателство со некого, ќе простат многу работи но – никако предавство и неверство. Ако не сте подготвени на голема страст и апсолутна лојалност кон Шкорпиите додека сте пријатели или додека имате “ментални“ игри од личен или деловен карактер, не се впуштајте во релации со нив. Крајот може да биде причино груб и непријатен. Манипулациите и менталните игри со другите им се рутина.

Шкорпиите се знак кој се наоколку доживува емотивно но, и агресивно, внесени се во “играта“ на комуникации со сиот ум и со сите емоции кои им се на располагање и од таа енергија тешко се брани. Тие секогаш набљудуваат и анализираат внимателно, а кога ќе одлучат да дејствуваат, го прават тоа со јасен план и намера со цел да ја одржат контролата. Токму затоа често се сметаат за мајстори на манипулација.

Познати лица родени во Шкорпија се: Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, Индира Ганди, кинескиот лидер Си Џипинг, Пабло Пикасо, нобеловкта Марија Кири, Достоевски, Махил Калашников, фолкерот Аца Лукас, Петар Петровиќ Његош, Бил Гејтс, принцезата Грејс Кели, Леонардо Ди Каприо, Данте Алигиери, Вагнер, Пол Маккартни..

Близнаци

Доналд Трамп
Доналд Трамп

Близнаците, знак кој се смета за најголема дарба за говор и контрла на релации со луѓето, се исклучително комуникативни и знаат како да се прилагодат на секоја ситуација, што ги прави многу убедливи. Нивната способност за брзо размислување им овозможува лесно да пронајдат зборови што оставаат силен впечаток. Тие често користат хумор, шарм и интелигенција за да ги обликуваат мислењата на другите.

Ако Близнаците ве наведат во долги дискусии, знајте дека тоа ќе заврши со нивна победа. Едноставо, се чувствувате како да се борите со пиштол против автоматска пушка. По некое време од “менталните игри“ со Близнаците ќе почувтсвуате дека се во вашата глава се претумбало и не сте сигурни во ништо, а од друга страна од Близнаците следат прекрасно спакувани логики и вредности на кои треба само да се согласите и со главата ќе биде се во ред. Кога ќе завршат со тоа Близнаците ве напуштаат, им треба нов терен за нови “игри“.

Иако нивната намера не е секогаш лоша, било да се работи за забава, расправија за секојдневни теми или спроведување на некој нивен сериозен план, тие владеат со кумуникацијата, секогаш на време наоѓаат убедливи аргументи и лесно можат да ги доведат луѓето во заблуда и да ги убедат во она што го сакаат и често другите се затечени сами себе да се доведат во состојба на вербален пораз во комуникација и борба со нив.

За разлика од другите, комуникацијата за Близанците не е ниту напор, ниу ризик или губење време. Едноставно тоа е вода во која тие пливаат како риби, неуморно и самозадоволно, и оттаму леснотијата да надвладеат во комуникацвијата а, понекогаш, и да манипулираат со задоволство.

Познати ликови родени во Близнаци се: Американскиот претседател Доналд Трамп, унгрскиот премиер Виктор Орбан, американскиот претседател Џон Кенеди, Хилари Клинтон, Мерилин Монро, фолкерката Цеца Ражнатовиќ, манекенката Наоми Кембел, актерите Џони Деп и Морган Фриман, актерките Анџелина Џоли, Никол Кидман и Натали Портман, Паганини, Кралицата Викторија, Новак Ѓоковиќ…

Риби

Алберт Ајнштајн
Алберт Ајнштајн

Рибите важат ка “кралеви на емоциите“, како своите така и туѓите и им нема рамни во хорскопот кога се емоциите во прашање, па затоа се препознатливи кога работат јавна работа или дискутираат на одредена тема во некоја група. Кај Рибите емиоциите внесени во односите со јавноста и со другите околу себе просто блескаат, лесно се забележливи, и лесно е да бидат препознанени меѓу многу други. 

Рибите имаат исклучително силна интуиција и емоционална чувствителност повеќе од било кој друг во Хороскопот, до ниво како што мачките препознааваат предмети и движења во темнина повеќе од другите. Често не слушаат што туку како и зошто зборувате, што им овозможува длабоко да ги разберат другите луѓе. Кога сакаат, можат да ја искористат оваа способност за да ги свртат околностите во своја корист. Познато е дека судирот на мислења, или спојот на емотивен план, помеѓу Шкорпиите и Рибите се најбурни. Борбата кој кому ќе се наметне во тие нивни длабоко емотивни релации – секогаш е неизвесна.

Нека не ве залажува нивната надворешна мекост и наводна прилагодливост кон другите. Тоа е стапица да не ги чувтствувате како конкуренција. Нивната тенденција да драматизираат и свесно да предизвикаат сочувство честопати гарантира дека ќе го добијат она што го сакаат. Рибите се вешти во создавање впечаток на жртва, а ова е моќно оружје во манипулацијата и добар почеток за ментална борба. Иако однадвор може да изгледаат благи и резервирани, зад тоа лежи голема способност за набљудување и анализа пришто за другите изгледаат назаинтересирани и безопасни, но потоа следи акција која многу често влијае на одлуките на другите луѓе.

Рибите се последен знак на Хороскот, со нив завршува процесот, нивниот заштитник е Нептун, господар на морето, на водата што значи живот и во која тој царува ако влезете во неа но, Нептун во својата рака држи опасен трозабец и тој не е таму случајно.

Познати знаци родени во Риби се: Српскиот премиер Александар Вучиќ, првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон, турскиот претседател Ердоган, Алберт Ајнштајн, Микеланџело, актерките Елизабет Тејлор, Дру Баримур и Шерон Стоун, манекенката Синди Крафорд, Ријана, Џастин Бибер, актерите Даниел Крејг и Милорад Улемек Легија, најславниот шахист Боби Фишер, Ники Лауда, Шекил Онил, 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Масар Омерагиќ член на Хет-трик комисијата на УЕФА

Следно

Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од ултразвук без опис и ги збуни своите фанови

Latest from Blog

Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од ултразвук без опис и ги збуни своите фанови

Објави фотографија од ултразвук без опис, а неговите следбеници веднаш заклучија дека очекува дете и почнаа да му честитаат во коментарите. „Честитки, имаме иста фотографија од ултразвук, како го погодија токму тој

Стотици Италијанци излегоа на улиците по пресретнувањето на флотилата за помош за Газа

Стотици илјади луѓе во Италија денеска излегоа на улиците во знак на солидарност со флотилата за помош за Газа што беше пресретната од израелската морнарица. Големи демонстрации се одржаа во Рим, Милано,

Не дозволувајте лошото време да ви го расипе патувањето: Овие градови се уште поубави на дожд

Додека многумина го замислуваат одморот на сонце и егзотични плажи, некои од најубавите градови својата вистинска магија ја откриваат дури под сивото небо … Наместо да ви ги уништи плановите, дождот може

За шегата на Рама на сметка на Трамп, дипломатски одговор од Белата куќа (Видео)

На прашањето на „Топ њуз“, дали коментарите на Рама се сфатени во негативен контекст и дали ќе влијаат на билатералните односи, заменик секретарот за печат на Белата куќа, Ана Кели, дала целосно
Go toTop