Протести и погреби во Техеран – Иран бара дипломатија, Трамп: Егзекуциите се запрени

January 15, 2026
1 min read

Во Техеран, главниот град на Иран се одржа голема погребна поворка за припадници на безбедносните сили и цивили убиени за време на последните немири, кои властите ги припишуваат на „терористи“.

На погребната церемонија присуствуваа високи функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Сејед Абас Арагчи, како и граѓани кои носеа национални знамиња и фотографии од врховниот лидер Али Хамнеи и од жртвите.


„Луѓето излегоа да протестираат против економската состојба во земјата. За жал, непријателите ја искористија оваа ситуација и затоа граѓаните бараат најстроги казни за економската корупција.“, вели жителка.

„Сите протестираат против условите, но никој од народот не е задоволен кога се оштетува јавниот и приватниот имот или кога се загрозува безбедноста. Мислам дека овие последни инциденти не се дело на обични луѓе.“, вели жител.


Iran International објави дека најмалку 12.000 лица се убиени во последните протести, но иранското судство го отфрли ова тврдење како „лажно и нереално“, обвинувајќи ги медиумите за фабрикување бројки, без притоа да даде официјални податоци за бројот на жртвите.

Иранските власти во средата сигнализираа дека се очекуваат брзи судски постапки и егзекуции за осомничените приведени за време на националните протести, додека Иран најави одмазда доколку САД или Израел интервенираат во внатрешните немири.


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека од „важни извори“ бил информиран дека планираните егзекуции во Иран се запрени, без да даде дополнителни детали. Останува нејасно дали неговите коментари значат откажување од евентуални американски дејства кон Иран. Трамп не прецизираше како би реагирале САД.

„Ќе видиме и ќе следиме каков е процесот, но добивме многу добра изјава од луѓе кои се запознаени со тоа што се случува. Кога тие велат ‘нема егзекуции’, сите зборуваа дека денес ќе има многу егзекуции. Нè информираа дека нема да има егзекуции. Се надевам дека тоа е точно. Ова е голема работа.“, рече Доналд Трамп

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, исто така се обиде да ја ублажи реториката, повикувајќи ги САД да најдат решение преку преговори.

„Мојата порака е: меѓу војната и дипломатијата, дипломатијата е подобриот пат. Иако немаме позитивно искуство со Соединетите Американски Држави, сепак дипломатијата е многу подобра од војната. Но одлуката е на претседателот на САД.“, вели Абас Арагчи.

Промената на тонот од страна на САД и Иран дојде неколку часа откако шефот на иранското судство изјави дека владата мора брзо да дејствува за да ги казни илјадниците приведени, вклучително и со забрзување на егзекуциите. Протестите избувнаа од крајот на минатиот месец во неколку ирански градови поради силното обезвреднување на националната валута – риалот. Иранските власти изјавија дека се подготвени да ги адресираат економските поплаки, но истовремено предупредија против насилство, вандализам и немири.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

Следно

Цените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока

Latest from Blog

Цените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока

gianni_infantino x ФИФА денеска објави дека на нејзината адреса, стигнале половина милијарда барања за билети за претстојниот Мундијал, кој што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. Огромната побарувачка

Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи,

Хајрулахи: Атакот врз мене е поради тоа што Тополова Исајловска се смета за загрозена по најавата дека размислувам да се кандидирам за Републички јавен обвинител

Паушални и избрзани наводи на В.Д. Републичкиот јавен обвинител од причини што истата се смета за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител“, ова е одговорот

Шанел без конкуренција ФУСТАНОТ СО 4.660 ВЕЗЕНИ ДЕТАЛИ ШТО ГИ ВООДУШЕВИ ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

83-тото по ред доделување на Златните глобуси, кога станува збор за модата, остави донекаде недоречен впечаток. Многумина очекуваа многу повеќе од ѕвездите на црвениот тепих, но сепак имаше одлично облечени дами кои
Go toTop