Протест поради глувците во ОУ „Панајот Гиновски“ – учениците 4 дена без настава, директорката молчи

April 10, 2025
1 min read

„Сакаме хигиена, сакаме хигиена…“

Со вакви скандирања учениците на училиштето „Панајот Гиновски“ Бутел го изразија револтот за како што велат лошата хигиена во образовниот објект и појавата на глувци.

-Видовме глувци, вака е веќе една ипол година, во малиот двор на школото од еден прозорец ги гледаме често, нечистотијата е ужас, корпата за отпадоци треба да се чисти, хигиеничарките не ги земаат. Во тоалетите нема каде да се врши нужда, смрди по ходниците, има глувци, изјави ученик.

Родителите на учениците велат дека веќе четири дена не им дозволуваат на децата да посетуваат настава и ќе продолжат се додека не се изврши општо и детално чистење. Поплаките од родителите се бројни и разновидни, велат дека е оштетен инвентарот во училниците и тоалетите, од влезот се чувствува лоша миризба и појава на глувци во училиштето.

-Повеќе ги носиме децата во болници отколку што ги носиме на училиште, ова не е фер. Потоа вршеа притисок врз родителите да ги вратат децата на училиште, не само од управата на училиштето туку и од општина Бутел, вели родител.

Интервениравме кај директорот и секаде каде што можевме, вклучително и во општината, во Инспекторатот да се изврши дезинфекција, вели друг родител.

Дезинфекцијата беше направена вчера и беше направена со хемикалии за кои директорката рече дека се штетни по здравјето на децата, може да се вратат на училиште по два часа, но ние сме многу загрижени за здравјето на децата бидејќи во нашето одделение има деца кои дури и биле во болници поради состојбата со хигиената во училиштето.

Екипата на ТВ21 повторно не беше пуштена внатре во училиштето. Вработените ја држат влезната врата заклучена. Иако се одржа протест пред институцијата со која раководи, директорката Благородна Сотиров не излезе да се сретне со родителите и одби да ја коментира ситуацијата.

Родителите велат и дека им се заканувала директорката дека сите изостаноци на учениците ќе бидат неоправдани. Во меѓувреме, училиштето вчера беше дезинфицирано и дератизирано, но според родителите тоа не е доволно за да се ослободат од глувците. Родителите го покажаа извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во кој се наведува дека во увидот што го извршиле на 7 април било констатирано дека хигиената е на незадоволително ниво, во многу училници подовите и ѕидовите се нечисти, а корпите за отпад се преполни. Дури и тоалетите имаат скршени врати и мијалници, и исчкртани ѕидови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Јоко Оно во еден ден ќе отвори две големи изложби во Берлин

Следно

Има 40 години, но нема намера да запре, Роналдо потпишува нов двегодишен договор со Ал Наср

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop