Протеран Палестинец: Дури и ако фрлат атомска бомба, жителите на Газа нема да ја напуштат својата татковина

December 27, 2023
2 mins read

БЕЈРУТ (АА) – ТУРГУТ АЛО БОЈРАЗ –

Фактот дека израелските власти започнаа проект за „доброволно иселување во странство“ на жителите на Газа ја зголеми загриженоста дека Палестинците би можеле повторно да се соочат со етничко чистење како во 1948 година, јавува Анадолу.

Со формирањето на Израел на 14 мај 1948 година на историските палестински територии, стотици илјади Палестинци беа подложени на присилна миграција и протерани од нивната татковина.

Еден од нив е 85-годишниот Ибрахим Нимир Дирави, кој со семејството морал да го напушти својот дом во населбата Амка во градот Ака и да се засолни во Либан, кога имал само десет години.

Сега со своето семејство живее во близина на Бејрут, главниот град на Либан.

Дирави за Анадолу изјави дека Израел сака да ги протера Палестинците од Газа, од нивната татковина, исто како што им направија и одамна.

Тој изјави дека повеќето од жителите што живеат во Газа не се староседелци од Газа, туку се состојат од оние што биле депортирани од други палестински територии во 1948 година.

– Подобро да умрете во татковината отколку да бидете прогонет –

Тој наведе дека преку вестите ги следи настаните во Газа, која е под интензивни напади на израелската армија, но дека не може да направи ништо.

„Израел сака да ја евакуира Газа и да воспостави колонии за Евреите. Израел сака да ги депортира Палестинците од Западниот Брег во Јордан и Палестинците од Газа во Египет. Наместо нив, сака да донесе и да насели Евреи од Источна или Западна Европа. Тие направија многу масакри во наше време, како во Деир Јасин (село во Ал-Кудс). Сега тоа го прават и во Газа за жителите да излезат оттаму и да одат во Египет. Но луѓето научија многу од тоа што се случи во минатото. Нема да ја напуштат татковината дури ниту ако фрлат атомска бомба. Каде би требало да одиме?“, рече Дирави.

Тој посочи дека е подобро да се умре во својата земја отколку да се напушти.

„Палестинците ја искусија најболната болка. Многу страдаа и многу научија од тоа. Дури и ако Израел фрли атомски бомби, нема да ја напуштиме нашата татковина. Кога сега би можел да се вратам во Палестина, никогаш не би заминал од неа“, изјави Дирави.

– Каде е правдата?

Истакнувајќи дека Појасот Газа е под блокада веќе 17 години, овој Палестинец рече:

„Зар не е срамота? Каде се западните земји? Зборуваат за правда, совест и хуманост. Каде е правдата?“

Зборувајќи за блокадата на Газа, тој изјави дека денес во израелските затвори има околу 6.000 Палестинци.

Тој потсети дека израелските сили секојдневно убиваат Палестинци кои немаат никакви права.

„Што прави човек кога е под толкав притисок? Дали седи и чека? На крајот експлодира“, истакна Дирави.

Тој смета дека вистинската одговорност за страдањата на Палестинците е на Соединетите Американски Држави и на европските земји што даваат неограничена поддршка на администрацијата во Тел Авив.

„САД се одговорни за сè што се случува во Газа. САД ги охрабруваат Евреите. Целата помош за Израел доаѓа од земји како САД, Англија и Франција. Тие се одговорни и за Накба што ја доживеавме во 1948 година“, рече Дирави.

Дирави, кој веќе 75 години живее како бегалец во Либан, рече дека никогаш не ја изгубил надежта дека ќе се врати во својата татковина.

„Дали некој некогаш ги заборава својот дом и имотот? Ако се вратам, ќе го земам татко ми, кој е погребан овде во Либан, и ќе го погребам во неговата земја, Палестина“, рече Дирави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава

Следно

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ од 51 до 54 пратеници, СДСМ ако оди сам од 26 до 28, со ДУИ од 41 до 43

Latest from Blog

Мбапе размислува за заминување од Мадрид, Ливерпул веќе започнал преговори со неговата мајка?!

Односите меѓу Килијан Мбапе и Реал Мадрид сериозно се влошиле во последните денови, а според информациите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач веќе донел одлука да го напушти клубот во летото 2027 година.

Касиљас го „предаде“ Роналдо и ги разочара фановите на Реал Мадрид

Икер Касиљас повторно се најде во фокусот на вниманието, но овојпат не поради нешто поврзано со Реал Мадрид на теренот. Легендарниот голман на Кралскиот клуб предизвика бројни реакции меѓу навивачите со објава

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на
Go toTop