Протекоа тајни воени планови на САД за Украина, Пентагон истражува

April 7, 2023
1 min read

Модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации во режија на Москва, според аналитичарите. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значаен безбедносен пропуст на американските разузнавачки служби

Оваа недела на социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за „Њујорк тајмс“ високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи кои се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се чини дека се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети, велат аналитичари за „Њујорк тајмс“.

Модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации во режија на Москва, според аналитичарите. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значаен безбедносен пропуст на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи.

„Свесни сме за извештаите за документи на социјалните мрежи, Пентагон истражува за што се работи“,

изјави портпаролката на Пентагон Сабрина Синг за „Њујорк тајмс“.

Нема конкретни борбени планови во документите во кои се наведува како, кога и каде Украинците планираат да ја започнат својата офанзива, за која американските власти велат дека е „веројатна“ во текот на следниот месец. Документите, пишува „Њујорк тајмс“ се стари околу пет недели, така што тие даваат американски и украински поглед на офанзивата која датира од околу 1 март, односно преглед на она што може да им треба на Украинците за офанзивата.

Сепак, тие документи би можеле да им обезбедат на руските воени планери, генерали или разузнавачки аналитичари мноштво информации што тие дотогаш ги немале. На пример, во документите е забележана брзината со која Украинците ги трошат ракетите за ХИМАРС, напредниот американски систем за ракетни фрлачи со повеќе цевки, кој Украинците можат да го користат за напад на цели како што се складишта за муниција, инфраструктура или концентрации на воен персонал од голема далечина.

Пентагон сè уште јавно не објави колку брзо Украинците трошат муниција за ХИМАРС, но во документите кои протекоа тоа експлицитно се наведува. Аналитичарите утринава рекоа дека е тешко да се процени влијанието на објавените документи врз развојот на ситуацијата на фронтот, како сега така и во наредните месеци.

Споделувањето на разузнавачките информации меѓу Украина и Соединетите Држави значително се олабави минатата есен, а двете земји тесно соработуваат на опциите за украинска офанзива.

Но, протекувањето на разузнавачки информации од овој вид, објавено на социјалните мрежи и достапно низ целиот свет, сигурно ќе ѝ наштети на размената на разузнавачки информации меѓу Украина и САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Општина Гази Баба донираше опрема за Детската клиника Козле

Следно

Започна реконструкција на уште еден спортски терен во Аеродром

Latest from Blog

Муртезани од Тирана: Коридорот 8 – симбол на интеграција и европска поврзаност, кој ја олеснува трговијата и ја зајакнува регионалната соработка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема

Дејвид Духовни елегантен на УС Опен, откри дека тајно се венчал

Синоќа, додека очите на светот беа вперени во дуелот помеѓу шпанскиот ас Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, публиката на УС Опен беше почестена и со непланиран „бонус спектакл“: појавувањето на легендарниот

Сите се чудат: Во ресторан во познато летувалиште стигнала сметка за вечера од над 63.000 евра (ФОТО)

Сметката ја платила група од 18 гости во новоотворениот ресторан „Анабел“ во Палманова, Мајорка, а ресторанот сподели фотографија од долгата сметка на Инстаграм, која брзо стана вирална. Вечера за паметење Според извештаите,

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот
Go toTop