Протечени документи открија кинеска фирма која хакирала странски влади, универзитети и НАТО

February 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Хакерска фирма со седиште во Кина е обвинета од технолошки аналитичари дека таргетирала странски влади, универзитети и НАТО, пренесува Анадолу.

Според американската компанија за кибербезбедност „СентинелЛабс“, фирма поврзана со кинеската Влада, позната како I-Soon, „е одговорна за компромитирање на најмалку 14 влади, продемократски организации во Хонгконг, универзитети и НАТО”.

„За автентичноста на документите“, кои беа поставени на софтверскиот гигант ГитХаб (GitHub), „сè уште нема одлука“, истакна вчера „СентинелЛабс“.

Се додава дека фирмата за која станува збор има договори со многу кинески владини агенции, вклучително и Министерството за јавна безбедност, Министерството за државна безбедност и Ослободителната народна армија.

„СентинелЛабс“ својата анализа ја заснова врз „протечените податоци во текот на викендот на 16 февруари“.

„Не е познато ниту кој ги украл информациите ниту мотивите за тоа, но ова протекување дава прв поглед од ваков тип внатрешни операции на хакерски изведувач поврзан со Владата“, велат од компанијата.

„Протечените документи ѝ нудат на разузнавачката заедница единствена можност да ги преиспита минатите напори и да стекне подлабоко разбирање на сложениот пејзаж на кинеската закана“, се додава.

Компанијата за кибербезбедност, исто така, рече дека протечените документи покажуваат дека „изведувачи од трета страна играат значајна улога во помагањето и извршувањето на многу вакви операции на Кина во кибердоменот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година

Следно

Три месеци 12 институции не можат да се договорат за еден тендер

Latest from Blog

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот
Go toTop