Пропалестинските протести ескалираат на американските кампуси и покрај зголемениот број апсења

May 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Пропалестинските протести на американските универзитетски кампуси продолжуваат, а во изминатите три недели регистрирани се над 2.000 апсења на истакнати универзитети како Колумбија, Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA) и Јеил, јавува Анадолу.

За време на демонстрациите низ Соединетите Американски Држави (САД), неколку универзитети беа сведоци на стотици апсења од 18 април, а меѓу приведените се и многу предавачи и професори.

На Универзитетот Калифорнија стотици полицајци го растераа пропалестинскиот протест вчера, приведувајќи демонстранти и го растурија нивниот камп.

Државната полиција соопшти дека најмалку 200 лица се приведени во полициската рација во тој универзитет и дека приведените се задржани во окружниот затвор во центарот на Лос Анџелес.

Во Портланд полицијата уапси 30 лица за време на рација во библиотеката на Државниот универзитет во Портланд, а протестите продолжија и вчера.

Толпата повторно се собра на Универзитетот Стони Брук откако во текот на ноќта се уапсени 29 лица, меѓу кои и еден универзитетски професор.

На Универзитетот Њујорк студентите продолжија со пропалестинскиот камп во кампусот и покрај заканите за суспендирање.

Активистите беа растерани со полициска интервенција на протестите во Сити колеџот и на универзитетите Бафало и Фордам.

Огранокот на Американското здружение на универзитетски професори на Универзитетот Колумбија ја осуди администрацијата, која ја повика њујоршката полиција да интервенира и да ги растера студентите кои ја поддржуваат Палестина.

Универзитетските кампуси во Калифорнија станаа едно од протестните подрачја каде што имаше најголема активност во последните 24 часа.

Студентите на Калифорнискиот државен универзитет во Лос Анџелес (CSU) формираа камп со цел да извршат притисок врз Универзитетот да ги прекине своите финансиските врски со институциите поврзани со Израел.

Протестните кампови се растурени на универзитетите во Њу Хемпшир, Северна Аризона и Тулан, а многу студенти се приведени.

Демонстрациите започнаа на 17 април на Универзитетот Колумбија во знак на протест против израелската офанзива во Газа, каде од 7 октомври досега загинати се скоро 34.600 Палестинци.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Човечката цена на уништувањето на независните медиуми во Белорусија

Следно

Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop