Пропалестински демонстранти во Сан Франциско протестираа против израелските напади врз Газа

December 24, 2023
1 min read

САН ФРАНЦИСКО (АА) – Пропалестински демонстранти во американскиот град Сан Франциско протестираа против израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Стотици пропалестински демонстранти се собраа пред трговскиот центар „San Francisco Center“ на улицата Маркет и маршираа кон Плоштадот Јунион.

Насобраните граѓани носејќи палестински знамиња и извикувајќи слогани најостро ги осудија бруталните израелски напади врз Газа.

Тие побараа „прекин на израелската окупација во опколениот Појас Газа“ и постигнување мир.

За време на протестот демонстрантите се судрија со полицијата.

Израелските напади врз Појасот Газа започнаа по нападот на палестинската група Хамас во Израел на 7 октомври. Оттогаш во израелските напади загинати се над 20.250 Палестинци, од кои најмалку 8.000 деца и 6.200 жени. Повеќе од 53.600 луѓе се повредени.

Во Газа, каде телата на многумина и понатаму се под урнатините, уништена е цивилната инфраструктура, односно болниците, образовните институции, како и местата за богослужба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нашиве и онака се ботови

Следно

Стоилковски: Полициските Тигри вадат пиштоли по кафеани – каква полиција, таква држава

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop