Пропалестинска невладина организација во Британија го затвори влезот на фабриката што произведува оружје за Израел

September 9, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Активистите на невладината организација „Палестинска акција“ денес ги блокираа сите влезови во фабриката „ Instro Precision“ во сопственост на „Елбит системи“ во Дискавери парк во Кент, како дел од тековната кампања за протерување на израелскиот производител на оружје од Британија, јавува Анадолу.

Невладината организација, позната по директните дејствија и протестите против капацитетите за производство на оружје, за цел ја зеде фабриката во Кент поради нејзината наводна вмешаност во израелските напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври се убиени речиси 41.000 луѓе, главно жени и деца.

„Палестинска акција“ соопшти дека е порешителна од кога било да го избркаат најголемиот израелски производител на оружје од Британија.

Во видео споделено на социјалната мрежа Х, еден од демонстрантите рече дека се наоѓаат пред фабрика која е „соучесник во геноцидот што се случува во Газа“ и дека треба да биде затворена.

Демонстрантот ја изрази решеноста на групата да ги запре операциите на „Елбит системи“ во Велика Британија.

„Елбит системи“, најголемата израелска компанија за оружје, се соочи со зголемена контрола и протести во последниве години поради нејзината улога во производството на воена технологија што ја користат израелските одбранбени сили.

Фабриката во Кент, која произведува високотехнолошка воена опрема, вклучувајќи системи за таргетирање, е една од неколкуте локации во Велика Британија со кои управува компанијата „Елбит системи“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светскиот успех, книгата „Граница“ на Капка Касабова, од утре и на македонски јазик

Следно

Што се случува со младите – Уапсени две момчиња во Драчево и Сарај со пиштол и куршуми

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop