Screenshot

Проодни државните патишта, механизацијата на „Македонија пат“ ангажирана 24/7

January 21, 2026
1 min read

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира на зголемена внимателност при управување со возилата.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и постојано се на терен, каде со соодветна механизација и работна сила се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од возачите се бара задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот. Надлежните препорачуваат и редовно информирање преку информативните центри за состојбата на државните патишта.

 

Координираните активности на институциите ќе продолжат и во наредниот период со цел одржување на безбедноста и нормалното функционирање на сообраќајот.

.

.

.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зимската служба на терен во Битола, улиците се расчистуваат од рано утрово

Следно

Ристески: Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите, а 12 пати кај непосредните жртви на активни пушачи

Latest from Blog

Американскиот потпретседател очекува ЧЕТВРТО ДЕТЕ (ФОТО)

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша Венс објавија добри вести. Имено, двојката го очекува своето четврто дете, а во оваа пригода се огласија на мрежите. Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и

“Марка“: Чаби Алонсо планира да направи пауза доколку во меѓувреме не дојде понуда од Ливерпул

ФОТО: Real Madrid FC/FB Чаби Алонсо планира да направи кратка пауза од тренерската работа освен ако Ливерпул не почне да го бара, објави шпанскиот весник, „Марка“ додавајќи дека Алонсо навистина го сака

3 ВИДОВИ ВЕЖБИ КОИ ГИ ЛЕКУВААТ ТЕЛОТО И УМОТ ОД СТРЕС: Во рок од 10 минути тренинг сите ваши грижи ќе исчезнат!

Постојат неколку физички активности кои многу брзо ќе ве ослободат од стрес. Трчање Ова е најлесниот и најевтиниот начин да се ослободите од стресот. Трчајте колку што мислите дека е доволно, а

Ристески: Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите, а 12 пати кај непосредните жртви на активни пушачи

Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи, изјави Милан Ристески за МИА,
Go toTop