Пронајдено безживотното тело на 60-годишниот маж од Струга по кој се трагаше два дена

October 23, 2024
1 min read

Во атарот на струшкото село Глобочица, денеска околу пладне, е пронајдено безживотното тело на 60-годишен жител на Струга, кој пред два дена бил пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, телото на К.М. не покажувало траги на насилство, а смртта била констатирана од медицинска екипа.

Полициска екипа, во присуство на јавен обвинител, извршила увид на местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладне во реонот на селото Брчево, каде што собирал шумски плодови и не се вратило во својата викенд куќа, а не била воспоставена ниту телефонска комуникација.

По него трагала екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвениот крст Охрид и локалното население.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена

Следно

„Тел Авив се подготвува да го нападне Иран“, објави израелска државна телевизија

Latest from Blog

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано
Go toTop