Пронајдено безживотно тело пред хотел „Инекс“ и претседателската вила во Охрид

July 20, 2025
1 min read

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, откако беше пронајдено безживотно тело на маж.

Фотографии испратени до редакцијата на OhridPress го прикажуваат местото на настанот опколено со полициски ленти, додека форензичарите собираат траги. Засега не се соопштуваат детали за идентитетот на починатиот ниту за околностите под кои е пронајден.

Според првичните информации од СВР Охрид, повеќе податоци ќе бидат објавени утре, по завршување на увидот и по насоки од надлежното Обвинителство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Кипарските Турци не можат да си дозволат да изгубат уште 60 години“

Следно

Алкараз ќе го пропушти турнирот во Торонто

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop