Пронајдени се 17 машки тела во масовни гробници во близина на границата Мексико – Гватемала

December 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Мексиканските власти открија 17 машки тела во повеќе тајни гробници во близина на границата со Гватемала во јужната држава Чијапас, објави вчера државното обвинителство, јавува Анадолу.

Гробниците беа откриени за време на полициските операции во Ла Конкордија, град зафатен од насилство што произлегува од ривалските наркокартели.

„Во Коста Азул, властите пронајдоа осум дополнителни гробници со 12 машки тела, од кои две непроменети и 10 осакатени“, рече Абарка.

„Исто така, две тајни гробници беа лоцирани во месноста Нуева Есперанца во Општината Паленке, со остатоци од две машки тела“, додаде тој.

„Телата се пренесени во судската медицинска служба за идентификација и утврдување на времето на смртта“, истакна тој.

Гувернерот на Чијапас, Едуардо Рамирез Агилар, вети дека ќе ги интензивира операциите во регионот.

„Го враќаме спокојството и социјалниот мир во регионот. Нема да направиме чекор назад! Мирот е задача на сите“, изјави тој на социјалните мрежи.

За време на акцијата приведени се четворица осомничени, а властите заплениле оружје и дрога.

Истрагата е во тек, поддржана од Националната комисија за пребарување, која користи воздушно набљудување, копнени претреси и кучешки единици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

Следно

Без вода дел од Батинци

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може
Go toTop