Пронајдени нови доверливи документи на Бајден

January 12, 2023
1 min read

Претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Сè уште не е јасно кога и каде адвокатите на Бајден ги нашле дополнителните документи, пренесува Си-ен-ен

Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во приватната канцеларија на Бајден биле откриени десетина доверливи документи, пренесува Си-ен-ен.

Еден од изворите изјави дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Сè уште не е јасно кога и каде адвокатите на Бајден ги нашле дополнителните документи.

Првичното откривање на доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден предизвика пребарување на други локации каде што можеби биле оставени документи од времето на Бајден како потпретседател. Белата куќа одби да ја коментира оваа вест.

Првите пронајдени документи датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.

Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон. Бајден ја користеше канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде што беше почесен професор од 2017 до 2019 година.

Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден. Законот бара федералните службеници да ги предадат официјалните документи и доверливите записи кога ќе им заврши владината служба.

„Белата куќа соработува со Националниот архив и Министерството за правда во врска со откривањето на записите на администрацијата на Обама и Бајден, вклучително и мал број доверливи документи“,

рече Ричард Заубер, специјален советник на претседателот Бајден.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вевчани пулсира во традицијата, сè е подготвено за Вевчанскиот карневал

Следно

Си-Ен-Ен: Адвокати пронајдоа нови доверливи документи на Бајден

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop