Пронајдена црната кутија на воениот хеликоптер што се судри со патнички авион во САД

February 1, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Пронајдена е црната кутија на воениот хеликоптер кој се судри со патнички авион во близина на аеродромот „Роналд Реган“ недалеку од Вашингтон, известува Анадолу.

Тод Инман, официјален претставник на американскиот Националниот одбор за безбедност на транспортот (НОБТ), објави дека е пронајдена црната кутија на воениот хеликоптер вклучен во несреќата.

Инман соопшти дека црната кутија пристигнала безбедно во седиштето на НОБТ и агенцијата верува дека од податоците ќе може да извлече дефинитивни заклучоци за несреќата.

– Авионска несреќа во главниот град на САД

Федералната управа за авијација на САД преку писмено соопштение објави дека на 29 јануари во близина на аеродромот „Роналд Реган“ се судриле авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер од типот „Блек Хок“.

Несреќата се случи меѓу патнички авион со 60 патници и четири членови на екипажот и воен хеликоптер со тројца воени лица, во близина на аеродромот недалеку од главниот град Вашингтон. По инцидентот двете летала паднаа во реката Потомак, а властите соопштија дека нема преживеани.

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со можната причина за несреќата изјави: „Хеликоптерот бил на погрешно место во погрешно време“.

Трамп рече дека несреќата е голема трагедија и истакнувајќи дека требало да се спречи, додаде: „За жал, немаше преживеани“.

Претходно Џон Донели, началник на градската противпожарна и службата за итни случаи, соопшти дека од реката се извлечени телата на 41 патник и членови на екипажите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување станови на социјално ранливи семејства во Кочани

Следно

Лина Ѓорческа ќе биде дел од турнирот во полски Лешно

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop