Пронајдена дрога – „виновно“ кучето Цеца! Полицајци помагале на затвореник да ја бара, мислеле дека е часовник!

April 9, 2025
1 min read

Чуден, но не редок настан се случи во штипскиот затвор! Пред објектот пристигна автомобил. Сето тоа снимено на безбедносните камери, едно лице излегува од автомобилот и фрла предмет преку ѕидот на затворот. На 20 февруари околу 21:40 часот двајца затвореници со иницијали Ж.Ж. и Р.К. излегле во дворот на штипскиот затвор да бараат топка, за што подоцна полициските службеници разбрале дека се работи за количина на дрога наменета за затворениците. На снимката се гледа како еден затворски службеник им кажува дека не треба да бидат во тој дел од затворот во тоа време. Но, по наредба на претпоставениот, биле повикани и 4 затворски полицајци кои наместо да ги спречат, им се придружиле на затворениците во пронаоѓањето на дрогата со помош на батериски ламби. Како што рече Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, следниот ден била пронајдена топка во која имало 35 грама кокаин и 50 грама марихуана.

Од Уравата за извршување на санкции поднесоа кривична пријава во ОЈО за овој случај. Директорот Александар Пандов вели дека тоа покажува висока ниво на корпуција во сите затвори во државата. Додаде дека се идентификувани лицата кои управуваа со возилото и транспортираа товар со дрога.

По нардба на директорот е формирана дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците, иако треба да бидат казнети, не биле виновни бидејчи верувале дека го бараат часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците, рече Пандов и чека истрагата на обвинителството да го расфетли случајот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Следно

Идниот германски канцелар Мерц најави поостра миграциска политика во коалицискиот договор

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop