Пронајден амфетамин кај две лица во Скопје

December 26, 2024
1 min read

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска во 10:15 часот извршиле претрес во домот на З.В. (34) во скопското село Волково.

Како што соопшти МВР, З.В. претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож, а при претресот исто така биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, за З.В. ќе следува кривична пријава.

Вчера во 16:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Р.П.(40) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Иако Владата наследи рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1%, бележи раст од 3%

Следно

Нови камери на гинекологија во Чаир: Дали болницата се подготвува за прислушување?

Latest from Blog

Халанд само под еден услов може да дојде во Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид. А тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузулите. Станува збор за тренерот. Наводно,

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат
Go toTop