Променливо време со дожд и засилен ветер – нестабилен период пред нас

March 23, 2025
1 min read

Денешниот ден носи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурите ќе се движат од 0 до 6 степени во утринските часови, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со повремен дожд и умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 4 степени, а дневната ќе се искачи до 19.

Според информациите од УХМР, под влијание на влажни воздушни маси од југ, следува период на нестабилно време со чести врнежи и засилен јужен ветер. Локално, дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи и силни налети на ветер со брзина над 60 км/час. Најинтензивни врнежи се очекуваат во средината на наредната седмица, кога на одделни места може да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен во рок од 24 часа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Игор Карачиќ си заминува од Кјелце

Следно

Роналдо му одговори на Хојлунд: „Вечерва јас ќе се радувам пред него“

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop