Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег

January 4, 2025
1 min read

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

Следно

Од денеска ќе се вози по експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка, на пуштањето во употреба ќе присуствува премиерот Мицкоски

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop