„Промени го крајот на нечија приказна“ – Моќен документарец за значењето на донирањето органи

March 26, 2025
2 mins read

Со емотивни приказни и силни пораки, документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна“ ја доживеа својата премиера вчера во Кино Фросина, МКЦ, испраќајќи моќен повик за подигнување на свеста за донирање органи во Северна Македонија. Филмот е продуциран во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација”, финансиран од Европската Унија.

„Овој филм е повеќе од само приказна – тој е сведоштво за храброста на пациентите, великодушноста на донаторите и посветеноста на медицинските професионалци кои го овозможуваат дарот на животот. Секој ден, илјадници луѓе чекаат втора шанса – шанса да живеат, да напредуваат и да споделат повеќе моменти со своите сакани. Сепак, премногу животи се изгубени поради недостигот на достапни органи. Овој документарец фрла светлина на таа реалност, но носи и надеж. Не потсетува дека преку свесност, едукација и акција, можеме да ги промениме животите. Ве повикувам сите да гледате со отворени срца и умови. Дозволете овој филм да инспирира разговори, да поттикне донирање органи и да го зајакне неверојатното влијание на трансплантацијата. Заедно, можеме да направиме разлика, еден по еден живот“, изјави др Билјана Кузмановска, Национален координатор за трансплантација во земјава.

Филмот е продуциран од „ВИДИ ВАКА” и е работен во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Тој ќе служи како образовна алатка за отстранување на заблудите за донирањето органи и за охрабрување на граѓаните да размислат да станат донатори.

Документарниот филм ќе биде понуден на националните телевизиски станици и други медиуми заинтересирани да придонесат за оваа витална кауза. Дополнително, ќе биде пријавен на бројни филмски фестивали во земјата и низ Европа, со цел да се прошири свеста за важноста на оваа животоспасувачка медицинска процедура.

„Филмот е инспириран од три млади жени кои ни покажаа како во животот треба да не водат емпатијата, добрината, сочувството и љубовта. Нивната одлука да ги донираат органите од нивната мајка спаси неколку животи и на сите нас ни покажа како дури и најтешките мигови можат да изродат добрина. Овој филм им е посветен на нив, на нивната мајка и на сите останати донори и нивните семејства, кои во моменти на најголема тага донеле одлука што спасува животи. Филмот е посветен и на сите пациенти кои чекаат на листите за трансплантација, како и на оние кои добија орган од починат дарител. На луѓето како Емилија, која ни беше инспирација да ја започнеме приказната со трансплантацијата на срце и да не се откажуваме дури и кога се чини дека е најтешко. Таа е една од оние кои ни покажуваат што значи да се сака животот. Благодарност до делегацијата на ЕУ, која ја препозна нашата работа и ни помогна не само да го снимиме овој филм, туку и да го реализираме целиот проект за поддршка на системот за трансплантација во земјава. Ова е филм кој ја покажува моќта на трансплантацијата раскажана и преку приказните на оние кои ја работат – лекарите, како и влијанието кое таа го има врз нив како професионалци. Ова е филм за тоа како органодонорството ги менува животите на сите нас”, изјави Адријана Георгиев, раководител на Програмата за трансплантација од Министерството за здравство.

Проектот „Поддршка на системот за трансплантација”, финансиран од Европската Унија, има за цел да ги зајакне капацитетите за трансплантација во Северна Македонија преку подобрување на инфраструктурата, професионална обука и кампањи за јавна свест. Овој проект ја нагласува клучната улога на информираната согласност и транспарентните процедури во градењето на јавната доверба во системот за трансплантација.

Извор Трн.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Една година по исчезнувањето на Данка, случајот се уште е мистерија

Следно

Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop