Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

October 25, 2025
2 mins read

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците.

Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела.

– Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика што суштински би се одразила врз бизнисот. Всушност, усогласеноста околу јулијанскиот и греогоријанскиот календар е сериозно прашање. Тоа е голем проблем, а не гледам на повидок некое решение. Божиќ кај нас се слави на 7 јануари, додека секаде низ западниот свет и останатите земји освен Србија и Русија, се слави на 24 декември. Сите западни земји од 24 декември до Нова година не работат, а ние работиме и потоа обратно, тие работат на 7 јануари, а ние не. Практично, се губи цел месец. Се губат околу 30 дена во однос на деловните активности и тука имаме сериозни штети. Се работи за сложена црквено-политичка одлука која не знам како би се изменаџирала, а апсолутно не зависи од бизнисот, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Горан Ѓорѓиевски.

Ставот на ССК, нагласува Ѓорѓиевски, е дека треба да се усогласиме со правилата на ЕУ и во однос на временските зони, но и за се останато.

-Ние се стрениме кон ЕУ, значи треба се да усогласиме со Унијата за се, дециден е претседателот на ССК.

И според в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу, еден час разлика во сметањето на времето речиси воопшто не влијае врз бизнисот. Многу поголеми проблеми, па и загуби, укажува Алиу, предизвикува одлуката – недела да биде неработен ден.

– Нема посебно влијание промената во сметањето на времето. Ние имаме поголеми проблеми во економијата за да се „фатиме“ за тоа дали еден час порано или подоцна почнува работното време. Јас би го акцентирал прашањето за недела – неработен ден. Тоа е и нашата конкретна примедба зошто ваквата одлука не е добра. Во недела доаѓат многу гости од Албанија, Косово, Србија,… и тука, всушност, многу губиме. Тие луѓе кои редовно доаѓаат, кои ни се редовни гости и ни носат пари, затоа што ја прогласивме недела за неработен ден, не доаѓаат веќе. Можеби некои доаѓаат заради моловите, инаку ништо. Затоа имаме забелешка и сакаме повторно да се врати неделата – да биде работен ден. Ние тоа го побаравме од Владата и институциите, имаме и иницијатива, но засега се уште немаме дефинитивен одговор. Неделата е работен ден кој во однос на другите работни денови носи највеќе за државата и Буџетот, објаснува Алиу.

В недела, на 26 октомври, почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 03:00 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад, па наместо три, ќе биде два часот.

Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Гранит со најголем неделен промет, МБИ10 стабилен

Следно

ФОТО: Германска фирма ја искористи кражбата во Лувр за реклама – „Вие сте генијалци“, „Покачување за маркетинг тимот“

Latest from Blog

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под

Сари: Играчите на Лацио си заминуваат поради недостиг на амбиции!

ФОТО: S.S. Lazio/FB Маурицио Сари испрати дополнителни пораки до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, велејќи дека играчите „заминуваат затоа што не гледаат амбиција во клубот“ и дека навивачите треба да се навикнат

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.
Go toTop