Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

April 26, 2025
1 min read

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.

-Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот – изјави д-р Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на  Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

-Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина, вели проф. д-р Кузмановска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СВЕТЛО-МАЈСТОРОТ ПЕТАР БОГОЕВСКИ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА ЗЛАТEН ОБЈЕКТИВ ОД КИНОТЕКАТА

Следно

Најмалку 17 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop