Продолжуваат засилените напади на Западниот Брег

January 17, 2024
1 min read

Продолжуваат засилените напади на Западниот Брег. Израелската војска соопшти дека го убила високиот палестински милитант, Абу Шалал, за кој тврдат дека планирал напади против Израелците во Ерусалим, финансиран и по инструкции од ирански извори. Од друга страна, палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили ги спречиле медицинските лица да стигнат до локацијата каде биле убиени Палестинци. Според министерството за здравство на Газа повеќе од 24.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната, од кои околу две третини биле жени и деца. Над 60.000 луѓе се повредени, а болниците не функционираат.

„За мене, за многумина од нас, она што го гледаме секој ден во Газа е тешко. А страдањето што го гледаме на невини мажи, жени и деца ми го крши срцето. Прашањето е: што треба да се направи? како би можеле да бидеме најефективни на начин да се обезбеди хуманитарна помош за луѓето и да се минимизираат цивилните жртви“, рече Антони Блинкен, американски државен секретар.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јорданската армија тврди дека нивната воена теренска болница во Газа е тешко оштетена

Следно

Анкета: Трамп води во Њу Хемпшир пред Ники Хејли и ДеСантис

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop