Продолжува трендот на намалување на италијанското население

December 18, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Трендот на намалување на италијанското население продолжува, додека резидентното население во 2022 година изнесуваше 58.997.201, пренесува Анадолу.

Според соопштението на италијанскиот Национален институт за статистика (ISTAT), падот на италијанското население продолжи и во 2022 година.

Заклучно со 31 декември 2022 година, бројот на лица кои живеат во земјата се намали на 58.997.201.

Во моментов 51,2 отсто од вкупното население се жени, а 48,8 отсто мажи.

Во земјата во 2022 година се регистрирани 393.000 раѓања. Според тоа, бројот на раѓања во 2022 година е намален за 7.000 во однос на 2021 година.

Бројот на регистрирани странци кои живеат во Италија достигна 5.141.341, а странското население кое живее во земјата е зголемено за 2,2 отсто во однос на 2021 година.

Иако намалувањето беше ограничено како резултат на позитивната динамика кај странското население, населението старее и бројноста опаѓа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Анкара утре ќе биде отворена четвртата изложба „Istanbul Photo Awards 2023“

Следно

Мицкоски вечерва во ,,360 Степени” на МРТ 1

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop