Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе сведочи Велибор Манев

March 12, 2025
1 min read

Денеска во Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство за малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. За двојното убиство обвинети се Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, а за помагање и грабнување на неговата ќерка Вања обвинет е и Александар Ѓорчевски.

Денеска треба да сведочи Велибор Манев. За време на истрагата, Манев ги однел полицајците до местото каде што било закопано телото на Панче, и кажал дека во него пукал Палевски.

Од сведочењата се очекува да се разветли мотивот за двојното убиство, и зошто Ваља е убиена два часа по грабнувањето, и која била улогата на таткото Алексндар Ѓорчевски.

На лентата со која била врзана устата на Вања, пронајдени се траги од ДНК на Манев, исто и во возилото „рено кангу“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поштата на Северна Македонија – товар за државата и проблем за граѓаните

Следно

СДС и ДУИ го бранат криминалот – 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Latest from Blog

Go toTop